Челзи ризикува казна од УЕФА

Европската фудбалска федерација (УЕФА) утврди прекршување на правилата на финансискиот фер плеј од страна на Челзи и англискиот клуб се соочува со можна казна и исфрлување од европските купови.

Познато е дека Челси беше во голема негатива поради големите инвестиции во трансфери последните години, па изминатиов период се обидуваше да го подобри статусот со излезни трансфери, како и продажба на женскиот клуб.

Токму последната ставка тешка 200 милиони фунти не била призната од УЕФА како соодветна во прикажувањето на приходите, а причина е фактот што купувачот е сестринска компанија на клубот.

Овој договор за продажба помина кај одговорните во Премиер лигата кои го признаа како соодветен приход и Челси избегна казна на домашен терен, но УЕФА отворила случај затоа што англискиот клуб има поголеми трошоци од предвиденото.