Челзи се вклучи во трката за ѕвездата на Лајпциг, Кристофер Нкунку, пренесуваат медиумите на Островот.
Малдиот напаѓач во 2019 години беше избркан од ПСЖ, а сега блеска во дресот на Лајпциг и го привлече вниманието на цела Европа. 23-годишниот Французин на 35 натпревари оваа сезона постигна 25 гола и подели 12 асистенции.
Манчестер Јунајтед од поодамна покажува интерес за Нкунку, а сега во трката за неговиот потпис се вклучи и Челзи.
Лајпциг е спремен да го продаде на лето, но не за помалку од 75 милиони евра, па останува да видиме дали англиските гиганти се спремни да ја платат оваа сума.