Челзи се вклучи во трката по Марко Асенсио

Шпанскиот фудбалер Марко Асенсио е предмет на интерес на Челзи. 27-годишниот фудбалер ќе стане слободен играч во летниот преоден рок бидејќи му истекува договорот со Реал Мадрид. Челзи ќе се натпреварува со Арсенал и другите клубови заинтересирани за неговиот потпис.

Марко Асенсио некогаш беше голема надеж на Реал Мадрид, откако му се приклучи на тимот во летото 2015. Сепак, по тешката повреда пред почетокот на сезоната 2019/20, формата на Асенсио падна. Оваа сезона Асенсио започна само 10 од 41 натпревар за Реал. Неговата иднина на „Сантијаго Бернабеу“ е неизвесна, откако влезе во последните месеци од договорот.

Во битката за Асенсио, Челзи ќе влезе со богата понуда, но само доколку наскоро се ослободат од неколку фудбалери кои се планирани за продажба.