Челзи се врати со нова понуда за Енцо Фернандез
Челзи не сака да се откаже од намерата за доведување на нови фудбалери, па сега повторно се враќа по Енцо Фернандез од Бенфика.
Пред неколку недели „сините“ на големо се поврзуваа со најдобриот млад играч на Мундијалот во Катар, но на крајот можниот трансфер пропадна. Сепак, сега Челзи наводно е спремен да плати 120 милиони евра колку што бара Бенфика.
Опцијата на Челзи е споменатите 120 милиони евра да ги плати на неколку рати, меѓутоа повторно има проблем затоа што Бенфика ја сака сумата веднаш. Во португалското првенство Енцо има еден гол и пет асистенции на 17 натпревари, но посебно се истакна на Светското првенство каде што Аргентина ја освои титулата.