Челзи спрема казна за Обамејанг за навивачката мисија на „Камп Ноу“
Сопственикот на Челзи, Тод Боели размислува да му го раскине договорот на Пјер Емерик Обамејанг откако напаѓачот изминатиов викенд на Камп Ноу го следеше „Ел Класико“, па дури и се симнал во соблекувалната на Барса и ја славел победата над Реал Мадрид.
Пјер Емерик Обамејанг во последните денови од летниот преоден рок направи трансфер во Челси откако Томас Тухел инсистираше на негов ангажман. Сепак, кратко потоа германскиот стратег заработи отказ и напаѓачот полека почна да паѓа во втор план. Габонецот е обврзан кон „сините“ до јуни 2024 година, но се шпекулира дека Тод Боли размислува да му удри клоца и да му го раскине договорот.
На сопственикот на Челси не му се допаднал последниот излет на Пјер Емерик Обамејанг, кој изминатиов викенд беше на Камп Ноу и го следеше „Ел Класико“.
И не само тоа, напаѓачот по крајот на натпреварот се симнал во соблекувалната на Барса и ја славел драматичната победа над Реал Мадрид.
Се шпекулира дека Пјер Емерик Обамејанг сака да се врати во Барселона и дури е подготвен да прифати помала плата за одново да го облече дресот на „каталонците“.