Челзи ќе се ослободува од тројца ирачи

Челзи планира ова лето да се раздели со тројца играчи. Тимо Вернер, Кепа Аризабалага и Рос Баркли не се повеќе во плановите за следната сезона и клубот од „Стемфорд Бриџ“ е подготвен да слушне понуди за нив. Поради неизвесноста околу сопственоста на клубот, клубот бара начини како да соберат средства за нови засилувања.

 Германецот Тимо Вернер е најголемото разочарување за Челзи. Тој постигна само три гола на 16 натпревари во Премиер лигата. Кепа, кој е еден од најскапите голмани на светот, е само резерва на Менди, а зема огромна плата. Баркли исто така не успеа да се докаже во Челзи и неговата евентуална продажба може само да донесе финансиска добивка за клубот.