Червар заминува од хрватското кормило по СП во Египет
Селекторот на хрватскиот национален тим, Лино Червар ја изненади јавноста и по натпреварот кој го загуби Хрватска од Аргентина со 23- 19 и најави оставка по завршувањето шампионатот. „Ја превземам одговорноста, разочаран сум и многу изненаден. Изненаден сум од начинот на кој мојата екипа го одигра решавачкиот натпревар на СП, но одговорен сум јас како селектор. Разочаран сум од пристапот кон играта во најважниот натпревар. Јас не можам да продолжам вака, се гордеам со се она што досега направив, но време е некој друг да ја превземе работата. Не сум навикнат да губам вакви натпревари. Сепак на Хрватскиот ракометен сојуз е да пронајде мој наследник, апелирамда бидат внимателни при зиборот затоа што следуваат квалификациите за Олимписките игри“ изјави Лино Червар веднаш по натпреварот со Аргентина.