Черки го спаси Лион од пораз против Јунајтед

Манчестер Јунајтед прокоцка огромна шанса за победа на гостувањето кај Лион во првиот натпревар од четвртфиналната фаза во Лига Европа. Францускиот тим прв зададе удар, а откако „ѓаволите“ со два гола го презедоа водството и беа пред славје, во судиското надополнување Рајан Черки со мајсторска завршница стрелаше за конечни 2-2.

Камерунецот лошо интервенираше и во 26.минута кога Алмада центрираше, а тој лошо го процени летото на топката, потоа и лошо реагираше, а топката заврши зад неговиот грб.

Изедначи Јунајтед со голот на Лени Јоро, негов прв во дресот на „црвените ѓаволи“, во петтата минута од надополнувањето на времетов о првиот дел.

Немаше победник и голови во Глазгов на дуелот меѓу Ренџерс и Атлетик Билбао.

Тешко е да се каже кој е позадоволен. Гостите сигурно жалат бидејќи шкотскиот тим имаше играч помалку во поголемиот дел од натпреварот, поради црвениот картон што го доби Робин Пропер во 13. минута.

Баскијците имаа шанса за победа, но голманот Лиам Кели го одбрани пеналот на Алекс Беренгер во 82. минута.

Интереен ќе биде и реваншот во Франкфурт, кога Ајнтрахт ќе го пречека Тотенхем, откако вечерва одиграа 1-1.

Германскиот тим до предност дојде со голот на Уго Екитике, по грешката на Џејмс Медисон на средината на теренот, но англискиот фудбалер 20 минути подоцна се извади со асистенција за Педро Пора за израмнување. Всушност, тоа беше мајсторија на Шпанецот, кој со петица го совлада голманот на Ајнтрахт.