Черки донесе големи три бода за Сити во Нотингем

Фудбалерите на Манчестер Сити се измачија, но победија на гостувањето кај Нотингем Форест со 1-2 (0-0) за крај на 2025 година во Премиер лигата. Со овој триумф притисокот одново е врз Арсенал кој има бод негатива, а денес игра со Брајтон.
„Граѓаните“ беа подобри на „Сити Граунд“, ама по првиот дел мрежите мируваа. Успеа Сити да поведе на отворањето на второто полувреме кога по асистенција на Рајан Черки стрела Тијани Реијндерс за 0-1 во 48. минута.
Сепак, гостинската радост траеше кратко, бидејќи Омари Хачинсон шест минути подоцна стигнаа до израмнувачки погодок (1-1).
Сити притисна, а тоа му се исплати во завршницата кога Черки по асистенцијата успеа да постигне и гол. Летното засилување на „граѓаните“ погоди за 1-2 во 83. минута по асистенција од Гвардиол. Сепак, на овој гол му претходеше судир на Нико Орајли со Гибс-Вајт, но ВАР собата потврди дека нема елементи за прекршок.