Черки се повреди, Дешамп дополнително го повика Екитике

Фудбалерот на Манчестер Сити, Рајан Черки, ќе отсуствува околу два месеца поради повреда, информираше тренерот на тимот Пеп Гвардиола.
Во селекцијата на Франција, на квалификациските натпревари за Светското првенство, наместо него ќе настапи напаѓачот на Ливерпул, Уго Екитике.
Во моментот кога Гвардиола ја објаснуваше сериозноста на повредата, Фудбалската федерација на Франција потврди дека офанзивниот играч за врска ги скинал мускулите на левиот квадрицепс и ќе ги пропушти претстојните квалификациски натпревари за Мундијалот против Украина и Исланд.
Черки, кој летово дојде во Сити од Лион, се повредил на тренинг и денеска не настапи во поразот на својот тим од Брајтон со 2:1 во третото коло на Премиер лигата.