Черчесов: Одамна не сум ја видел Македонија на дело
Селекторот на репрезентацијата на Казахстан, Станислав Черчесов ги оцени резултатите од ждрепката за европскиот квалификациски турнир за СП 2026 година.
„На ова ниво ждрепката игра значајна улога. Репрезентацијата на Белгија ми е добро позната – со оваа селекција веќе се сретнав на квалификацискиот турнир и на самото Европско првенство. Сега тие се подложени на реструктуирање. Што се однесува до екипите на Велс и Македонија, одамна ги немам видено на дело, така што сè уште не можам да дадам конкретна оценка.
Од петтиот шешир ја добивме екипата на Лихтенштајн. Сепак, секој противник мора да се почитува, внимателно да се проучува и да се вложи максимални напори за да се постигне победа. Ајде да видиме каков ќе биде нашиот календар. Нема да правам никакви прогнози, заинтересиран сум само за мојот тим. Најважно е колку можеме да го подготвиме тимот и да играме на резултат“, изјави Черчесов, за прес-службата на фудбалската федерација на Казахстан.
Според резултатите од ждрепката, селекцијата на Казахстан се најде во групата Ј, во која се: Белгија, Велс, Македонија, Лихтенштајн.