Четирите водечки на ФИФА листата ќе играат мундијалско полуфинале

За првпат во историјата на Светското првенство, четирите репрезентации рангирани на првите четири позиции од страна на Меѓународната федерација на фудбалски асоцијации ( ФИФА ) се пласираа во полуфиналето. Најновотп официјално рангирања е од 11 јуни на самиот старт на ова СП.

Во првото од полуфиналните средби, Франција, која е на чело на табелата, ќе игра против Шпанија, која е на третото место.

Во второто полуфинале, Аргентина, која е на второто место, ќе игра против Англија, која е на четвртото место на ФИФА ранглистата.