Чеферин инсистира на казни за инцијаторите на Суперлигата

Александер Чеферин, претседателот на УЕФА, во ексклузивното интервју за „Скај спортс“, зборуваше околу Суперлигата и можната казна за Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, кои не се повлекоа од проектот.

„Кога дисциплинскиот комитет ќе започне со истрагата, тоа е самостојна организација, така што јас не знам кога, на кој начин и каква ќе биде казната за клубовите кои направија хаос во фудбалот. Што се однесува до мене, може да си играат во Суперлигата, иако се само три клуба. Каква и да биде одлуката на Судот, мора да ја прифатиме бидејќи тие клубови работат против фудбалот“, истакна Чеферин.