Чеферин му честиташе на Омерагиќ за изборот
Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин упати писмо со честитка за изборот на Масар Омерагиќ за нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија.
-Ве молам прифатете ги моите искрени честитки за изборот за претседател на Фудбалската федерација на Македонија. Оваа година, 2024, се одбележуваат 30 години од членството на ФФМ во УЕФА а за тоа време вашата посветена Национална федерација сработи многу во градењето и развојот на фудбалот. Масар, бидејќи одблизу го знаете притисокот од играњето и менаџирањето со фудбалот на највисоко ниво, верувам дека со сето срце ќе го прифатите потенцијалот на фудбалот во Македонија и ќе продолжите да ги бележите точките за напредок, кои вашата федерација и вашата држава го заслужуваат“ – стои во дел од писмото на Чеферин.
Ви посакувам се најдобро во новиот, возбудлив претседателски мандат што претстои – а вие и вашите најблиски да уживате во прекрасна празнична атомсфера и среќна Нова година“ – стои во писмото од првиот човек на УЕФА.