Чеферин: Никогаш повеќе Светско првенство во зима
Првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин истакна дека зимско
Светско првенство како во Катар нема да се одржи никогаш повеќе.
Поради високите температури Катар беше домаќин на најдобрите
светски селекции во текот на сезоната и според Чеферин тоа не
донесе ништо добро на фудбалот.
„Правиме се што можеме, се бориме против сите форми на
дискриминација и злоупотреба. Но, никој не треба да го користи
турнирот за лична или политичка корист. Во едно сум сигурен.
Зимското светско првенство не беше добро за фудбалот и не е
паметно да има повторно. Со негово одржување во тој термин се
создава преоптоварување на распоредот“, изјави Чеферин.
Минатата година Светското првенство на кое триумфираше
Аргентина се играше од 20-ти ноември до 18-ти декември.