Чеферин ја нападната новата идеја за Европска Суперлига
Откако се појави веста дека Суперлигата денеска повторно ќе се актуелизира, Александар Чеферин најави нов жесток одговор од УЕФА.
„Кој сака да игра во Супер лигата нема да има право да игра во натпреварувањата на УЕФА. За основачите на оваа бесмислена идеја, навивачите се само облик на профит. За нас во УЕФА, навивачите отсекогаш биле навивачи, смислата на играта. Уморен сум од овој антифудбалски проект. Прво го започнаа среде пандемија, а сега сакаат да го оживеат додека трае војна. Андреа Ањели е обичен узурпатор, диктатор, тој е фудбалски Владимир Путин. Овој човек нема срам, не го ни допира војната. Изгледа дека живеат во паралелен универзум“, смета Чеферин.
Војната продолжува, а денеска чекаме и официјално соопштение на основачите на Суперлигата кои не се откажуваат од ова натпреварување.