Чехот Барак интересен за двата милански гиганти

Интер и Милан водат битка за играчот од средниот ред на Верона, Антонин Барак, пренесуваат италијанските медиуми.

Барак е еден од најдобрите играчи на Верона оваа сезона, а особено се истакна на последниот меч против Сасуоло кога постигна хет-трик.

Чешкиот играч за врска ги воодушеви Инзаги и Пиоли, кои сега го означија како примарна цел за следното лето. Верона е спремна да го пушти на крајот на сезоната и за неговата слобода бара 20 милиони евра.

Миланските гиганти уште сега ги започнаа преговорите и сакат да го обезбедат потписот на Барак во јануари, а да го доведат по завршување на сезоната.