Чех: Голот на Бруно е офсајд, луѓето кои ги прават правилата не разбираат фудбал

Петр Чех се раздели со Челси откако за нов газда на клубот беше
назначен Тод Боли, а сега како човек без работни обврски во
Премиер лигата, го привлече вниманието својот коментар за
денешното дерби.
Новото коло во Премиер лигата беше отворено со дербито во
Манчестер меѓу Јунајтед и Сити, на кое видовме и еден
контроверзен момент кој ги подели фудбалските фанови.
Иако Маркус Рашфорд беше во очигледен офсајд, судиите
проценија дека тој немал влијание во акцијата која заврши со гол
на Бруно, па додека играчите на Сити се жалеа, оние на Јунајтед
бурно го прославија израмнување.

До крајот, домашниот тим направи целосен пресврт и победи со
2:1, но повеќе од јасно е дека клучен момент беше признатиот гол
на Португалецот, за кој забелешки има Петр Чех.
„Првиот гол на Јунајтед само докажа дека луѓето кои ги прават
правилата не ја разбираат оваа игра“, порача Чех.