Чешка без свои навивачи во Баку
Репрезентацијата на Чешка на четвртфиналната средба против репрезентацијата на Данска нема да може да смета на своите навивачи, откако беше донесена одлука дека чартер летовите за Баку се откажани поради КОВИД-19 ситуацијата.
Во Азербејџан на сила се строги мерки во борбата против коронавирусот, а во истовреме, чешките навивачи по враќање во својата земја ќе мораат да останат во домашен карантин.
Чешките медиуми јавија дека првично интерес за патување на натпреварот во Баку покажале околу 300 навивачи, но бројката потоа драстично се редуцирала, поради што летовите кон азербејџанската престолнина се откажани.