Чешмиџиев потпиша за исландски второлигаш

Македонскиот фудбалер Константин Чешмеџиев стави потпис на договор со исландскиот тим Вестри.

Се работи за тим кој настапува во втората по квалитет лига на Исланд и има амбиции за влез меѓу најдобрите.

Вестри го потврди ангажманот на Чешмеџиев за кој последен клуб беше Радник Бјелина од Босна и Херцеговина.

Македонскиот дефанзивец во странство настапуваше и за клубови од Саудиска Арабија, Албанија и Бугарија.

Во Македонија го носеше дресот на Пелистер, Македонија ЃП, Брера, Шкендија, Шкупи и Гостивар.