Чешмиџиев ја напушти БиХ и потпиша за Шкупи

Константин Чешмеџиев и официјално е нов играч на Шкупи и во новата сезона ќе го носи дресот на оваа екипа.

Тимот од Чаир денеска го промовираше 25-годишниот фудбалер, кој доаѓа од тимот на Вележ со кого пред неколку дена ја прекина соработката.

„Првите контакти со луѓето во клубот беа уште пред еден месец, ми ги претставија своите планови за иднината на Шкупи и веднаш стана јасно дека тоа е сериозен проект. Клучно беше то што тимот се натпреварува во европските купови, но и што тренер е Гоце Седлоски, од кого ќе можам многу да научам“, изјави Чешмеџиев на промоцијата.