Чима Монеке се договори со Црвена Звезда

Чима Монеке ќе стане нов играч на Црвена Звезда, со која ќе потпише двегодишен договор, објавува грчкиот „Јурохупс“.

Црвено-белите на тој начин ќе се засилат на позицијата „четворка“, а се очекува наскоро и Семи Оџелеј од Валенсија да го потпише договорот.

Монеке е член на Басконија од 2023 година, а пред тоа кратко играше за Монако.

Една сезона беше и во НБА лигата, каде го носеше дресот на Сакраменто Кингс.

Едно време, во Лигата на шампионите на ФИБА 2022, кога играше за Манреза, беше прогласен за најдобар играч на тоа натпреварување.