Чистка во Јуве, налето заминуваат петмина
Јувентус на лето планира голема реконструкција на тимот и ќе се раздели со најмалку пет ѕвезди на тимот.
Италијанските медиуми пренесуваат дека сигурно ќе си заминат Алекс Сандро, Хуан Квадрадо, Адриен Рабио, Леандро Паредес и Анхел ди Марија.
Причината е што со новното заминување клубот ќе спаси 70 милиони евра расходи за плати. После казната од 15 бода Јувентус се наоѓа во незавидна ситуација и најверојатно нема да избори пласман во Лигата на шампиони. Поради тоа сака значително да го намали буџетот за плати во тимот.
На Алекс Сандро, Квадрадо, Рабио и Ди Марија им истекуваат договорите, па клубот одлучил да не им понуди продолжување на соработката. Паредес пак е на позајмица од ПСЖ и неговиот договор сигурно нема да биде откупен.