Чуамени доби нов договор во Мадрид

Аурелиен Чуамени стави крај на сите шпекулации околу својата иднина и потпиша нов договор со Реал Мадрид.

Францускиот репрезентативец, кој во моментов настапува со својата селекција на Светското првенство, ја продолжи верноста со „кралскиот клуб“ до 2031 година, објави „РМЦ Спорт“.

Сепак, и покрај интересот од неколку европски гиганти, желбата на францускиот фудбалер отсекогаш била да остане во Мадрид, а новиот договор само ја потврди таа намера.

Дополнителен фактор за неговото останување е и доаѓањето на Жозе Мурињо.

Сите кадровски потези на Реал Мадрид за следната сезона се прават со согласност на португалскиот стратег, кој имал значајна улога и во одлуката клубот да ја продолжи соработката со францускиот играч за врска.