Чуамени се обврза на верност со Реал Мадрид до 2032 година

Официјално Реал Мадрид го продолжи договорот со францускиот репрезентативец Орелиен Чуамени, кој ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“ до јуни 2032 година.

Французинот, кој има 26 години, пристигна во Мадрид во 2022 година од Монако и во меѓувреме прерасна во важен дел од тимот.

Досега запиша 205 настапи и освои осум трофеи со Реал, меѓу кои и Лигата на шампионите и титулата во Ла Лига.

Играчот од средниот ред е стандарден и во француската репрезентација, за која има 50 настапи, а со националниот тим ја освои Лигата на нации во 2021 година