Чупиќ го напушта Вардар и се враќа во Хрватска!
Хрватскиот репрезентативец кој го одбележа ракометот во последната деценија, Иван Чупиќ се враќа во домашниот ракомет по цели 14 години.
Според пишувањата на Хендбол Планет, 34-годишното крило на Вардар ќе го напушти Скопје ова лето по пет сезони поминати во црвено-црниот дрес.
Освојувачот на три титули во Лигата на шампионите со Виве Киелце и Вардар, потпиша тригодишен договор со хрватскиот шампион, ППД Загреб.
Чупиќ врвот во својата кариера го доживеа во Македонија, кога со Вардар освои две шампионски титули во ЕХФ Лигата на шампионите на завршницата во Келн во 2017. и 2019. година.
РК Загреб претходно го објави и доаѓањето на уште еден искусен хрватски репрезентативец, Жељко Муса, кој се враќа од германски Магдебург.