Чупиќ прозиваше, започна новиот проект на Вардар 1961

Со тренирање во групи и медицински прегледи, ракометарите на Вардар ги почнаа подготовките за новата сезона.
Тренерот Иван Чупиќ на првиот тренинг имаше дел од ракометарите кои почнаа со работа со кондицискиот тренер, а другите треба да ги минат задолжителните медицински прегледи.
„Сите ракометари на кои клубот смета сезонава се во Скопје. Во следните денови ќе се завршат сите прегледи, а потоа од понеделник почнуваат и тренинзите во сала. Потоа екипата заминува на висински подготовки, а до крајот на месецот треба да се одиграат и неколку контролни натпревари, и турнири“, соопшти РК Вардар.
Пред почетокот на сезоната, на 3 септемви Вардар во Суперкупот ќе се соочи со Еурофарм Пелистер.