Чурлинов и Шалке прославија враќање во Бундеслигата

Шалке 04 на нашиот Дарко Чурлинов во саботата го прослави враќањето во Бунделсигата. Со победата од 3-2 над Сент Паули, Шалке собра 62 бода на врвот на табелата, пет повеќе пред неговите главни ривали Хамбургер, Дармштад и Вердер Бремен.
Гостите мечот го завршија со двајца играчи помалку, откако беа исклучени најпрвин во 81. минута Марсел Бејфус, а потоа во петтата минута од дополнителното време и Матановиќ, кој доби втор жолт картон.