Шалке го смени Грамозис, Чурлинов ќе добие нов тренер

Дарко Чурлинов и неговите колеги ќе добијат нов тренер во Шалке откако раководството на клубот одлучи да се раздели со досегашниот предводник Димитрос Грамозис.

Клубот од Гелзенкирхен игра променливо во изминатиов период, па водечките луѓе се решија да реагираат откако екипата овој викенд загуби од Ханза на домашен терен со 4-3.

„Дојдовме до момент во сезоната кога треба да се донесат големи одлуки. Веќе не верувавме дека ќе имаме големи шанси да ја оствариме целта да се вратиме во Бундеслигата со сегашната поставеност. Затоа решивме дека на тимот му треба нов импулс за крајот на сезоната“, изјави спортскиот директор Рувен Шрудер.

Кој ќе биде нов тренер се уште не е познати, Дарко и компанија со 41 бод се наоѓаат на 6 место на табелата.