Шалке ризикува згаснување

Само што Дарко Чурлинов се врати во Германија во дресот на Шалке,
од таму стигнуваат непријатни вести за навивачите на клубот. Имено, фудбалскиот клуб Шалке е во најтешката ситуација од своето
основање.
Познатиот тим од Гелзенкирхен е пред згаснување, пренесува германски „Скај“.
Имено, Шалке е во очајно лоша финансиска состојба со актуелен долг
од околу 165 милиони евра. Какви се долговите, такви се и
резултатите. Тимот моментално е едно место над опасната зона за
испаѓање во третата Бундеслига.
Доколку се случи да испаднат од лигата, пишува „Скај“, тоа ќе значи
гасење на клубот, односно префрлање на аматерско ниво и
заминување во последниот ранг на натпреварување.