Шалке 04 ризикува згаснување

Само што Дарко Чурлинов с еврати во Германија во дресот на Шалке, од таму стигнуваат непријатни вести за навивачите на клубот. Имено, фудбалскиот клуб Шалке е во најтешката ситуација од своето основање.

Познатиот тим од Гелзенкирхен е пред згаснување, пренесува германски „Скај“.

Имено, Шалке е во очајно лоша финансиска состојба со актуелен долг од околу 165 милиони евра. Какви се долговите, такви се и резултатите. Тимот моментално е едно место над опасната зона за испаѓање во третата Бундеслига.

Доколку се случи да испаднат од лигата, пишува „Скај“, тоа ќе значи гасење на клубот, односно префрлање на аматерско ниво и заминување во последниот ранг на натпреварување.