Шампионот Еурофарм Пелистер и уморен го освои Кавадарци

Само дваесет часа по дуелот со Барселона во Лигата на шампионите против Барселона, првакот Еурофарм Пелистер одигра дуел од Суперлигата со Тиквеш и го совлада среде Кавадарци со 25-30 (12-15).

Пелистерци отворија подобро, погодуваа Тајник, Атанасијевиќ, Кузмановски и Валид за 1-4. Успеа домаќинот да се консолидира, па пријде до 3-5, ама бргу на семафорот се врати предноста од четири гола откако реализираа Валид и Видомски (3-7). Погоди Мартин Манасков за 5-7, а потоа гостите врзаа серија од 0-5 и се одлепија на седум разлика. Сепак, до полувремето домашните ја преполовија негативата и на одмор се замина со 12-15.

Успеа Тиквеш во второто полувреме да дојде и израмнување (18-18), но шампионот тука одново „додаде гас“ и до крајот повторно беше подобриот тим за петти триумф од стартот на сезоната

Во победничкиот табор со по пет гола се истакнаа браќата Петар и Павле Атанасијевиќ, Домен Тајник и Рудолф Хекбарт.

Во следното осмо коло, в сабота од 13:00 часот Еурофарм Пелистер го игра градското дерби со Еурофарм Пелистер 2.