Шампионот со убедлива победа ја заврши 2024 година

Ракометарите на Еурофарм Пелистер триумфално ја завршија оваа календарска година, откако во последниот меч во декемвриската програма како гости го совладаа тимот на Пролет со 23-37. Битолчани одиграа квалитетен меч во кој целосно го контролираа резултатот, освојувајќи заслужени бодови со кои остануваат во трката за првото место во Суперлигата пред почетокот на плеј-офот.
Избраниците на Раул Алонсо беа предводени од Цветан Кузмановски, Павле Атанасијевиќ и Ненад Костевски, кои го завршија мечот со по шест, односно десет погодоци.
Пелистерци ја забележаа четиринаесеттата победа сезонава, додека Пролет останува на учинок од пет триумфи, четири нерешени средби и шест порази. За суперлигашите следува зимската пауза, а возбудувањата ќе продолжат на почетокот од февруари следната година.
Шампионатот на Македонија продолжува на 8 февруари 2025 година со дуелот на Еурофарм Пелистер против Куманово во Битола.