Шампионот со убедлива победа ја почна одбраната на трофејот кај фудбалерките

Викендов на програмата беа натпреварите од првото коло во Фудбалското првенство на Македонија во женска конкуренција.
Шампионот Скопје на стартот го совлада Кочани со 4:0. Домаќинот поведе со погодокот на Глорија Тодорова во 13. минута. Во 28. Сара Коларовска зголеми на 2:0, а само три минути подоцна Рабија Дервиши го постигна третиот погодок за Скопје. Конечните 4:0 ги постави Мила Панева со голот во 44. минута.
Најубедливата победа на стартот ја забележа Тиверија Брера која триумфираше над Пелистер Про со 7:0.
Билјана Панеска во 22. минути и носи предност на домашната екипа, а во 30-тата Теона Голабовска зголеми на 2:0. Третиот погодок беше дело на Панеска во 58. минута, а во 67. Голабовска повторно се запиша меѓу стрелците. Три минути подоцна Павлинка Николовска и донесе водство на Тиверија Брера од 5:0. Ивана Илиева во 78. им носи предност на струмичанки од 6:0, а последниот гол беше дело на Голабовска.
Во градското дерби Истатов како гостин славеше против Вардар со 2:1.
Гостинките поведоа преку Ива Здравевска во деветата минута. По половина час игра, Џенита Кицара израмни на 1:1, а победата на Истатов ја донесе Радица Чонева во 53. минута.
Љуботен забележа победа од 4:1 во мечот против Каменица Саса. Тетовки поведоа со голот на Хава Мустафа во седмата минута. Улза Максути во 38. зголеми на 2:0, а третиот гол беше дело на Ива Јованоска по прецизно изведен удар од 11 метри. Калина Попески во 72. го постигна четвртиот гол за Љуботен, а во 84-тата Христина Јовановска го постигна единствениот погодок за гостинките.
Во последниот натпревар од првата рунда Речица и Ас Јунајтед постигнаа по еден гол и освоија по бод. Ас Јунајтед поведе во последната минута од првиот дел преку Ихдина Речи, а израмни Вања Ристиќ во 58. минута.