Шампионот Шкупи се засили со Марио Младеновски
Марио Младеновски е нов фудбалер на Шкупи. 21-годишниот фудбалер доаѓа од Ботев Пловдив, и се враќа во македонскиот шампионат каде настапуваше за Македонија ЃП и за Вардар.
Младинскиот репрезентативец потпиша договор на две години со чаирскиот тим и ќе биде засилување на стоперската позиција, по заминувањето на Сенгор во Турција.
Минатата сезона Младеновски ја мина како позајмен во Македонија ЃП, и беше еден од заслужните за излезот во Европа на „лавовите“