Шампион ФА шампионски, титулата во женска пинг-понгарска конкуренција ја носат во Штип

Со тесна победа над прилепската екипа Младост 96, Шампион ФА од Штип ја освоија титулата во најдобрата македонска женска пинг-поигарска лига за сезоната 2025/2026.

Со победа од 4:3 во последното коло со директниот конкурент, штипската екипа ја освои титулата, додека Младост 96 ги имаше работите во своите раце, но не ја искористи шансата.

Екипата од Штип е предводена од шампионката во поединечна конкуренција Амелиа Николов, а титулата ја освои заедно со Сара Стојановска и Мила Штркова.