Шахин доби доверба, ќе остане на клупата на Борусија Дортмунд
Раководството на Борусија Дортмунд му даде доверба на тренерот Нури Шахин и покрај колебливите настапи на тимот оваа сезона.
-Нема да разговараме за тренерот, изјави спортскиот директор Ларс Рикен по поразот од Холштајн Кил со 2-4 во вторникот.
Сепак, поранешниот фудбалер и аналитичар на ТВ Скај, Дитмар Хаман, смета дека Шахин нема да остане предолго во клубот во услови на разочарувачка сезона.
-Победата на следниот натпревар на гости против Ајнтрахт Франкфурт ќе биде клучна за спасување на работата на Шахин, изјави Хаман.
Дортмунд победи само еднаш на осумте гостувања во досегашниот тек од сезоната.
-Борусија Дортмунд не е школа за тренери. Ако сакате да учите, мора да одите во втора или трета лига, рече Хаман.
Шахин, поранешен играч на Дортмунд, на почетокот на сезоната го замени Един Терзиќ. Ова е негова прва работа како тренер на професионална фудбалска екипа.