Швајцарецот Фон Алмен прв олимписки победник, стигна до златото во спуст

Фрањо фон Алмен е олимписки шампион во спуст. Во швајцарско-италијанската битка во Бормио, Швајцарецот го победи Италијанецот Џовани Францони за 20 стотинки, додека бронзениот медалист Доминик Париз го освои својот прв олимписки медал на 36-годишна возраст.

Фон Алмен ги обедини титулите светски и олимписки шампион. Тој се сметаше за главен фаворит, особено по победата во Кран-Монтана минатата недела. Домаќините на игрите, исто така, се истакнаа на првиот ден со медалите на Џовани Францони, кој ја потврди својата одлична форма за 2-ро место, откако стана херој на Кицбил во јануари. Марко Одермат не успеа да освои медал, откако заостана зад фон Алман за 70 стотинки и го освои 4-тото место.