Швајцарија по пенали ја елиминира Колумбија

Швајцарија на пенали ја победи Колумбија и се пласираше меѓу осумте најдобри на Светското првенство, по 120 минути игра немаше голови.

Натпреварот не изобилуваше со шанси, но имаше по некоја прилика и на двете страни. Сепак никој не успеа да ја затресе мрежата на противникот.

Во пенал серијата Швајцарците промашија еднаш, Акањи не реализираше. Двајца Колумбијци не погодија од белата точка, Санчез и Ернандез.

Швајцарија во четвртфиналето ќе игра против Аргентина.