Швајцарците забранија гостински навивачи на трибините
Швајцарската фудбалска лига (СФЛ) објави денеска дека планира да забрани присуство на гостински навивачи на стадионите по серијата натпревари кои ги одбележаа насилно однесување на хулигани.
Размислуваме за затворање на гостинските сектори со цел да ги заштитиме мирните навивачи, соопшти СФЛ.
Серијата инциденти на фудбалските стадиони во Швајцарија кулминираше во саботата на дерби натпреварот пред 16.000 гледачи меѓу градските ривали Грасхоперс и Цирих (3-3) на стадионот Лецигрунд, кој го делат двете екипи, кога гостинските навивачи влегоа на теренот во обид да се пресметаат со противниците.
Клубовите и СФЛ веќе не можат да ја толерираат ваквата состојба, која нанесува огромна штета на швајцарскиот фудбал во целина и затоа се разгледуваат сите опции за затворање на гостинските сектори, порачаа од швајцарската лига.