Шведска го прогласи Форсберг за играч на годината
Емил Форсберг е именуван за најдобар играч шведски играч за 2021 година.
За Форсберг ова е првпат да го добие ова признание симнувајќи го од тронот Златан Ибрахимовиќ кој минатата година беше избран за најдобар по рекорден 12. пат.
„Ова признание ми значи многу. Најмногу што можам да добијам од својот народ. Показател дека зад мене е фантастична година во која бев навистина добар. Наградата ме прави горд“, истакна 30-годишникот.
Форсберг беше одличен на Европското првенство минатото лето каде што постигна четири гола. За државниот дрес до сега има 68 натпревари и 15 голови.