Шведска останува без Готфридсон до крајот на Светското првенство

Ракометната репрезентација на Шведска, со рутинска победа над Египет 26:22, успеа да избори пласман во полуфиналето на Светското првенство.

Шведските ракометари најголемиот дел од натпреварот го одиграа без својот најдобар играч, Јим Готфридсон, кој заработи повреда уште во првото полувреме. Деталните прегледи после натпреварот, покажале дека ракометарот на Фленсбург се здобил со фрактура на показалецот на левата рака, и ќе мора да паузира од ракомет во наредните два месеци.

Европскиот шампион Шведска во полуфиналето од ракометниот мундијал ќе игра против актуелниот олимписки шампион Франција.