Швеѓанецот Ѓекереш интересен за многу премиерлигаши

Напаѓачот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓекереш, е голема желба
на Арсенал, Ливерпул и Тотенхем. Сите три тима се
заинтересирани да го ангажираат шведскиот репрезентативец на
лето, пренесуваат медиумите на Островот.
25-годишниот напаѓач пристигна во португалската престолнина од
англискиот второлигаш Ковентри Сити и одигра фантастична
сезона.
Во изминатата сезона Ѓекереш постигна 36 гола на 44
натпревари, а Арсенал важи за фаворит за неговиот потпис и
веќе ги започна преговорите.
Ѓекереш има ослободителна клаузула која е 100 милиони евра,
но Арсенал ќе се обиде со преговори малку да ја намали таа
сума.