Швјонтек од Полска нов светски број еден на ВТА листата

Новата лидерка на светската тениска ранг-листа за жени, Ига Швјoнтек од Полска, изјави дека плачела 40 минути откако дознала дека трикратната Грен слем шампионка Ешли Барти ја завршува кариерата. Како резултат на одлуката на 25-годишната Барти, Швјонтек дојде на врвот на женската ранг листа.
„Плачев 40 минути. Не очекував дека ова ќе се случи и навистина бев изненадена. Нејзината одлука е многу храбра и почувствував многу емоции поради тоа што се случи. Дури два часа подоцна дојдов до заклучок дека треба само да продолжам да победувам“, изјави полската тенисерка.