Шевалие ќе го замени Донарума во Париз

Шампионот на Франција и Европа, Пари Сен Жермен, испрати официјална понуда за голманот на Лил, Лукас Шевалие.
Финалистот од Светското клупско првенство на ФИФА бара засилување на оваа позаиција поради неизвесноста околу иднината на Џанлуиџи Донарума, објави „Лекип“.
Наводно, ПСЖ веќе постигнал договор со Шевалие за петгодишен договор и останува да се договори со Лил за обештетувањето. Лил инсистира на обештетување од најмалку 40 милиони евра, сума што „Светците“ се подготвени да ја платат. Првата понуда е малку помалку профитабилна од посакуваната.
Лил веќе се подготвува за можноста да остане без својот прв голман и бара нов голман.
Потенцијалниот трансфер на Шевалие во Париз е тесно поврзан со судбината на Донарума, чиј тековен договор важи до јуни 2026 година.
Непродуктивните преговори за продолжување на соработката и желбата да се избегне сценарио слично на бесплатниот трансфер на Килијан Мбапе го натераа ПСЖ на експресна реакција и ангажман на нов голман.
Според медиумите, Манчестер јунајтед и Челзи се заинтересирани за Донарума, а интерес покажува и Галатасарај.
Шевалие се етаблираше како еден од најдобрите млади голмани во Европа и неодамна беше прогласен за голман на годината во Лига 1 за сезоната 2024/25.