Шевченко брзо најде работа, ќе ја презема полската репрезентација

Андриј Шевченко во текот на вчерашниот ден и официјално доби отказ од редовите на Џенова каде се задржа само два месеци како тренер  на тимот. Сепак. Шевченко нема долго време да остане без работа затоа што веднаш се појавила заинтересирана страна која сака да го ангажира во своите редови.

Станува збор за селекцијата на Полска која од неодамна остана без селектор откако Пауло Соуза се реши да ја прифати понудата на бразилскиот Фламенго.

За Фудбалската федерација на Полска, токму Шевченко бил идеалниот кандидат за наследник на Соуза на селекторското столче. Шевченко со успех ја водеше репрезентацијата на Украина со која се пласираше на Европското првенство и стигна до елиминационата фаза од континенталниот собир.