Шевченко пред отказ во Џенова?
Тренерот на Џенова и легендата на украинскиот фудбал Андриј Шевченко е пред отказ во клубот каде пристигна пред само два месеци.
Последниот пораз на домашен терен од тимот на Специа го активира алармот кај претседателот на Џенова, кој најави можна смена на Шевченко и барање на ново тренерско име.
Очигледно дека Шевченко не се снајде баш најдобро во водењето со екипата каде настапува нашиот Горан Пандев, која го ангажира со цел да помогне во опстанокот на тимот во Серија А.