Шевченко со Украина влезе во историјата и бара помош од Италија
Украина се пласираше во четвртфиналето на Европското првенство, откако во продолжението ја совлада Шведска со 2:1.
Зинченко во 27. минута погоди за водство, Форсберг на две минути пред паузата израмни, а по крајот на регуларните 90 минути резултатот беше 1:1, па победникот се бараше во продолжението. Кога се чинеше дека ќе гледаме пенали, дефанзивецот Довбик го постигна победничкиот погодок во 121. минута и ја одведе Украина во првото четвртфинале во својата историја.
Украина таму ќе се сретне со Англија веќе во сабота, а натпреварот се игра на Олимпико во Рим.
Украинскиот селекторт, Андриј Шевченко веќе ја бара помошта од италијаните.
„Горд сум на своите момци, напорно работеа како би победиле во овој натпревар. Оваа победа ја посветуваме на украинскиот народ и на ентузијазмот кој се покажува ширум нашата земја. Игравме за Украина со големо срце. Се надевам дека во Италија ќе ја имаме поддршката на јавноста. Италијанци, ни требате бидејќи Англија е одлична репрезентација.“ – порача Шевченко.