Шеикот даде зелено светло – Сити тргнува по Мбапе!
Манчестер Сити веќе подготвува голем трансфер идното лето, а мета е Килијан Мбапе, тврдат англиските медиуми.
Сити по заминувањето на Серхио Агуеро бараше нов напаѓач, а прва желба на Гвардиола беше Хари Кејн. Но, Тотенхем ги одби сите понуди, по што клубот од Манчестер се поврзуваше со Кристијано Роналдо, кој на крајот се пресели на Олд Трафорд.
Реал Мадрид ова лето се обидуваше да го доведе Мбапе, а наводно за него нудеше и околу 200 милиони евра, но ПСЖ одби иако договорот на францускиот напаѓач истекува наредното лето.
Знаејќи го тоа, веќе се предвидува дека Мбапе ќе заврши во Реал, клубот за кој навива од мали нозе. Но, сега во приказната се приклучи и Манчестер Сити, кој се уште бара нов напаѓач.
Според информациите, сопственикот на Сити даде зелено светло неговиот клуб да тргне по Мбапе, со кој ќе може да преговара веќе во јануари, доколку во меѓувреме не го продолжи договорот со ПСЖ.