Шеикот од Катар не се откажува од купување на Манчестер Јунајтед
Како што пренесуваат англиските медиуми, синот на поранешниот катарски премиер, шеикот Јасим Бин Хамад Ал Тани, поднел нова подобрена понуда во обидот за купување на фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед.
Според информациите кои се појавија во медиумите, новата и подобрена понуда на шеикот Јасим упатена до актуелните сопственици на Јунајтед, семејството Глејзер изнесува 5,5 милијарди фунти. По се изгледа дека ова ќе биде последна понуда која ќе ја испрати шеикот од Катар.
Главен ривал на шеикот во обидот за купување на Манчестер Јунајтед е Англичанецот Џим Ратклиф кој важи за најбогат човек на островот.
Во моментот јавноста за нов сопственик го преферира шеикот Ал Тани од Катар, меѓутоа конечната одлука сепак ќе ја донесе семејтвото Глејзер.